„По завршување на тој рок ќе направиме анализа каква е состојбата и околностите и колкав е бројот на граѓани кои евентуално не успеале да ја искористат оваа можност. Врз база на проценката на владата ќе одлучиме дали треба да се даде нова можност или ќе заврши со овој рок“, изјави Ставрески.
Тој информираше дека постои голем интерес кај граѓаните за откуп на дворно земјиште, наведувајќи дека во декември биле поднесени околу 10 илјади барања, а во јануари над осум илјади. „Бројот на барања кои пристигнуваат во последните денови изнесува помеѓу илјада и 1.500, што е најдобар показател дека постои голем интерес и дека оваа мерка беше корисна“ рече Ставрески.
извор: „Макфакс“