Продолжува истрагата по осомничените за бомбашкиот напад во Манчестер и можно е на слобода се уште да има членови на мрежата на терористот Салман Абеди, изјави британскиот министер за внатрешни работи Амбер Рад, цитирана од светските агенции, пренесува „Макфакс“.
„Операцијата се уште е во тек со полна брзина и не можеме да бидеме целосно сигурни дека е завршена“, рече Рад.
22-годишниот Абеди на 22 мај ја предизвика смртта на 22 лица, кревајќи се во воздух на концертот на пејачката Аријана Гранде во Манчестер. Полицијата веќе приведе 11 осомничени и претресе повеќе имоти во градот. Велика Британија вчера го намали нивото на терористичка закана од „критично“ на „тешко’, откако полицијата соопшти дека разбила голем дел од мрежата на Абеди. Во саботата вечерта полицијата ги лиферуваше неговите снимки, направени во ноќта на атентатот од безбедносните камери, и граѓаните ги повика да споделат повеќе информации за неговите последни денови.
OhridNews
извор: „Макфакс“