Одлуката за воведување рестриквни мерки претстојниот викенд во Србија ќе ја донесе Кризниот штаб, – најави Министерот за здравство во српската влада, Златибор Лончар, пренесува „Блиц.рс“

Ги чекаме анализите од нашите епидемиолози. Тие ги согледуваат сите фактори, бројот на заразени и тестираните лица, колку луѓе се наоѓаат во болница а колку се дома. Имаме два дена да донесеме правилна одлука, се со цел да се стави во мирување ситуацијата со коронавирусот која побегна од контрола. – изјави Министерот Лончар.

Министерот додаде дека ако се донесат рестриктивни мерки нема да важат за сите, туку за градови во кои има многу заразени и тестирани лица.

Нема да донесе одлука на територија од целата земја, туку во градови каде е непходно. За пример, во Сремска Митровица има двајца заболени и зошто тие да бидат во карантин. Но затоа погледнете во Белград. – додаде министерот Лончар.

Синоќа во Белград беше одржан протест поради најавите на за воведување нови рестриктивни мерки од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ, при што имаше обид за упад во Собранието. Во демонстрациите повредени се 43 полицајци и дваесеттина демонстранти. Во разбивањето на маста во текот на ноѓта употребени беа специјални полициски сили и коњица.

За попладнево најавени се нови протести во главниот град на Србија.

OhridNews