Во наредните неколку дена на поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, информира во вонредната прогноза Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.

Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и во форма на невреме со силен ветер можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата, во случај ако врнежите бидат интензивни и паднат за кратко време.

Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, велат од УХМР.

OhridNews