Можни се катастрофални климатски промени – Европа ќе се смрзнува и ќе гладува
13.07.12 00:03
Можни се катастрофални промени на времето до 2020 година, што ќе доведат до воведување на вонредни мерки, вклучувајќи и воени, се вели во заклучокот на извештајот „Прогноза на времето:2010-2020“, подготвен од професионални футуролози, а на барање на Министерството за одбрана на САД, пренесува „Макфакс“.
Експертите тврдат дека глобалните климатски промени се способни во целост да го дестабилизираат политичкиот поредок на планетата.
Можна е појава на глад во Европа, како и ривалство меѓу атомските држави заради ресурсите на вода.
Во своите прогнози авторите Питер Шварц и Даглас Рандал тргнуваат од можноста дека заради природните промени океаните ќе почнат да живеат според други закони.
Европа, Азија и Северна Америка ќе почнат да се смрзнуваат, а во јужната хемисфера ќе биде уште потопло.
Научниците велат дека Земјата веќе ги доживува овие промени.
Овие навестувања во САД веќе се обистинуваат – во централниот и источниот дел најмалку 42 луѓе умреле од големите горештини.
Во некои области температурата надминуваше 40 Целзиусови степени. ВО Сент Луис, во државата Мисури, температурата се искачи до 46 степен. Само во Чикаго умреле 10 лица, во Мериленд и Вирџинија 20, а има жртви и во другите области.
Меѓу мртвите има многу стари лица, чии куќи немале клима уреди. Во Индијана умре четиригодишно девојче, кое родителите го заборавиле во автомобил.
Бројот на временските непогоди, како што се обилни врнежи и топлотни бранови, ќе бидат честа појава во иднина, изјави рускиот експерт Алексеј Кокорин.
„Причина за тоа е човечкото влијание врз климата, по што доаѓа до климатски промени. Експертите проценуваат дека во следните 20 години за четири пари ќе се зголеми зачестеноста од опасни метеоролошки појави“, наведува Кокорин.
Во овој момент, бројот на такви настани, во споредба со 1960 година, се зголемил за неколку пати.
Tеатарската претстава “Кумови” од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин денес со почеток во 2000 часот ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прлилев“ Во претставата играат Адријана Бил...
Педесет и третата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи денес во зградата на општина Охрид На Дневен ред се 25 точку меѓу нив утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вр...
Променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јуже...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.