Од УХМР известуваат дека нестабилно време ќе се задржи и во наредните денови.

Циклонската активност во Медитеранот ќе предизвика преку нашето подрачје да поминуваат серија на влажни воздушни маси. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Локално се очекува да има појава на невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Ohridnews