Охриѓанецот Номче „Ноно“ Белески минатата година делницата од пет километри на „Охрид трчаТ“ ја истрча со полна пожарникарска опрема која тежи 15 килограми. Подвигот популарниот Ноно го искористи за мотивирање на сите учесници и испрати силна порака. Погледнете!
Главниот настан на спортскиот хепенинг „Охрид трчаТ“ ќе се одржи во недела на 3 јуни, а в сабота на 19 мај ќе започне финалното одбројување со одржување на ноќната трка.
OhridNews