Прекрасната Русинка, Наталија Водјанова, една од најпосебните и најубави девојки во светот на модата во последните 15-на години, покажала дека сеуште изгледа прекрасно. 32-годишната убавица која го поминала патот од трње до ѕвездите, ја украсила септемвриската насловна страна на Vanity Fair, а за гламурозните фотографии се погрижил тим составен од најголемите светски мајстори во нивната област.

Наталија се претставила во голо издание по само три месеци откако го родила своето четврто дете.

Фотографиите маестрално ги изработил славниот Марио Тестино, стајлингот го осмислила Џесика Диел, фризурата ја потпишува Одил Гилберт, а шминката Линда Кантело.

 

извор:cromoda.com