Ако сакате да решавате судоку, можете да се обидете да го решите најтешкиот судоку на светот. Финскиот математичар Арто Инкала поминал три месеци дизајнирајќи табла за судоку која има само едно решение.
Судокуто за некои е интересна игра која служи за пополнување на слободното време, а за други претешко барање кои не се обидуваат да го исполнат.
Арто Инкала предупредува дека неговиот судоку може да го реши само “најбистриот и најбрзиот ум“. На скала од 1 до 10, тој му дава оцена 11.
-Овој судоку не е невозможно да се реши, бидејќи Инкала сам успешно го решил. Сепак, досега нема никој друг кој успеал да го реши.