Македонија ќе игра натпревар за 11 место на СП во Хрватска. Противник е селекцијата на Јужна Кореа.

Пласманот во главната рунда, меѓу најдобрите 12 во светот сам по себе преставува успех.


Македонците излегоа како херои од Вараждинската група на смртта, но се чини дека целиот арсенал остана во Вараждин. Репрезентативците не успеаа да ја пренесат играта од Вараждин во Задар по што претпревме три порази.

Прочитана беше тактиката на Темелковски, ако воопшто ја имаше, па скандинавците одлучија да го “залепат“ Лазаров, изостана очекуваната помош од останатите по што поразите беа неминовни.


Горчлив беше поразот од Норвешка (29-27), посебно што во мечот влеговме, кога ќе се погледне од оваа дистанца преоптимистички, надевајќи се дека дошол моментот за резултатски исчекор. Но не беше така.

>>Македонија поразена од Норвешка

Поразот од Данска (32-24) само не потсети каде припаѓаме и дека од европскиот крем сме се уште далеку.

>>Македонија поразена од европскиот првак


Србија. Заморот но и не мотивираноста беа очигледни. Мундијалскиот распоред е исцрпувачки а за селекција како нашата и неиздржлив. Србите ја искоритија шансата која им се даде и не` победија (32-28).

>> Пораз и од Србија

Не очекува последниот натпревар на овај Мундијал, кој во секој случај заначеше огромна промоција за Македонија. Не џабе се рекло дека спортот е најголем амбасадор на една држава.

Прашање : Можеше ли Македонија повеќе ?