Доматот помага во зајакнување на нивото на хормони кои играат важна улога во метаболизмот на шеќерите и мастите и така потенцијално го намалува ризикот од појава на рак на дојките кај жените, покажуваат резултати од една студија.

Во студијата, објавена во списанието Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism, пишува дека жени биле поделени во две групи од кои една група 10 недели јадела производи од домати – односно консумирале 25 милиграми ликопен секој ден. Кај тие жени било забележано зголемено ниво на хормонот адипонектин, кој го регулира метаболизмот, пренесува Huffington Post.

“Нашето истражување ги покажува предностите од консумирањето на поголеми количини домати и нивни производи“, истакнува водачот на истражувањето Др. Адана Лианос, професорка по епидемиологија на универзитетот Рутџерс.
“Консумирањето на овошје и зеленчук кое е богато со есенцијални хранливи материи, витамини, минерали и фитохемикалии како ликопенот, дава значајни предности.“
Истражувањето сугерира дека со зголемување на адипонектинот може да се постигне поголема заштита од ракот на дојка.
“Врз основа на тие податоци, веруваме дека редовното консумирање на препорачаната дневна порција овошје и зеленчук може да помогне во превенцијата на карциномот на дојка во ризичната популација“, додава Др. Лианос.