Мотоциклистот Илиоски по падот заврши во “Св. Еразмо“
11.02.11 09:47
Најуспешниот македонски мотоциклист и двократен балкански првак и шампион на Источна Европа за 2009 година, битолчанецот Христијан Илиоски се здоби со тешка повреда на десната нога, откако по висинското спуштање со моторот на земја ја скрши бутната коска.
По падот на ридската патека во грчката месност Каритас близу Солун,тој бил префрлен во една солунска болница, каде што домашните лекари ги презеле сите активности за санирање на повредата.
Од фамилијата на Христијан одлучиле хируршката интервенција да биде извршена во болницата за трауматологија и ортопедија “Свети Еразмо” во Охрид.
– Повредата доаѓа во најнезгоден момент, бидејќи Христијан, по неколкудневни тренинзи во Грција, кон средината на месецот требаше да замине на подготовки во Италија и да се вклучи во кампот на познатите фирми Мартини, Хонда и Синод, пред неговото учество на претстојното Европско првенство во мотоциклизам, а потоа и на Светското – велат за “Вест“ од неговата фамилија.
И годинава на Велигден во Велгошти се одигра традиционалниот фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Поуспешни во празничната спортска пресметка беа „старите“ кои славеа со 5:3 Натпреварот што...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.