Една од предностите на возење мотори во група е фактот што можете да ја прилагодите брзината кога ќе забележите дека вашите пријатели кои возат пред вас кочат.

Но новиот член на оваа група моторџии не го сфатил тоа правило, па одлучил иако другите ја намалуваат нивната брзина тој да ги претекне. Тоа се покажало како лоша одлука бидејќи движејќи се со голема брзина не го забележал автомобилот кој зад него влечел приколка, па тоа резултирало со една од најстрашните сообраќајни незгоди кои некогаш се фатени на камера.

Иако удрил во приколката со голема брзина, мотоциклистот имал среќа и преживеал, а што е уште поневеројатно е дека единствената повреда со која се здобил е скршеница на раката.