Моторџии од земјава, како и од соседна Србија, Словенија, Италија, Германија  и Албанија, деновиве, по 19- ти пат заеднички возат низ земјава  по повод Денот на независноста на  Македонија.

Моторџиите деновиве можеа да се забележат низ Охрид од каде продолжија на пат за Кичево.

Вкупната должина на релито е околу 780 километри.

На мото релито учествуваат околу 500 мотоциклисти (400 возачи и 100 совозачи) од Македонија, како и од десеттина европски земји.


Моторџиите го започнаа одбележувањето на Денот на независноста

OhridnNews