Седумдесетина моторџии од Луксембург во среда  ќе пристигнат во Охрид. Тие се дел од Меѓународното мото рели низ Европа, а на 14-ти мај ќе пристигнат во Македонија од соседна Бугарија.


Моторџии од Луксембург вo среда ќе допатуваат во Охрид

Во Охрид моторџиите од Луксембург ќе бидат пречекани од  колегите од МК „ Мото Охрид“. Авантуристите на две тркала ќе отседнат во х. Метропол, а изразиле желба да се сретнат со градоначалникот на Охрид и престaвници на локалната заедница.

ohridnews
фото: Дигитал Фото Мики