Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва нешто пред 20 часот на патниот правец Охрид – Ресен, во близина на Прентов мост.
Како што дознаваме, од засега непознати причини дошло до судар помеѓу моторцикл и автомобил. Од здобиените повреди возачот на моторциклот починал.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека се случила тешка сообраќајна несреќа и дека во тек е увид кој го врши сообраќајната полиција. Повеќе детали за трагичниот настан тој најави за утре.
Г.М.