Вчера во 17.40 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со охридски регистарски ознаки и мотоцикл марка „кавасаки“, исто така со охридски регистарски ознаки.
Притоа, мотоциклистот (36) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews