19-то традиционално меѓународно мото рели „Македонија – Независност“ ќе се одржи од 3 до 5 септември. Стартот на релито е на 3 септември (петок) во Скопје од 10 часот.


Според програмата првиот ден (3.09.) ќе се вози на релација Скопје-Велес-Св. Николе-Карбинци-Штип-Радовиш-Дојран. Вториот ден (4.09.) ќе се вози на релација Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци-Прилеп-Крушево-Битола-Ресен-Охрид.


Третиот ден (5.09.) е предвиден за враќање од Охрид, а целта на релито ќе биде во Скопје.

ohridnews