Марко Пејчиноски во недела ќе го има десеттиот и последен предизвик ова лето. Воедно најдолг и најтежок до сега. Тој ќе плива на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид. во должина од 64 километри.
Последниот пат кога зборував пред камера беше за најавата на мојата цел за ова лето: 10 препливувања, 250 километри. После 186 километри во 9 препливувања, тука сум да го најавам моето последно препливување: Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид 64 километри. Пред 3 години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум, да си докажам колку сум подобрен, да си докажам дека можам да го остварам мојот сон и да ја исполнам мојата желба и празнината која остана. Ова, сакам да ве инспирира и ВАС, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без разлика какви се препреките кои ги имате на патот до успехот морате да продолжете и не смеете никогаш да се откажувате.
Имајте своја цел, најдете свој мотив и остварете ја. – порачува Марко во мотивирачкото видео.
Марко ќе атакува на нов подвиг на празникот Голема Богородица.