Нема поголем мотив за игра од “езерската“ пресметка велат охридските ракометари во пресрет на мечот со Струга.

Секогаш натпревар помеѓу Охрид и Струга е сам по себе доволен мотив за секој ракометар да го даде максимумот. Ние имаме три победи во низа зад себе, но во ова дерби влегуваме порелаксирани од нашите противници. Целата екипа на РК Струга ги посетуваше нашите последни натпревари на домашен терен што ни дава за право да размислуваме дека ја имаат анализирано нашата тактика, на што ние ќе се обидеме да ги изненадиме. Нивните посети на нашите натревари говорат, дека тие не респектираат и не мислат дека лесно ќе ја продадеме кожата– вели столбот во охридската одбрана Атанас Поп Стефанија.

Трите победи во низа им дава право на “белите“ да се надеваат на поволен резултат. Тие ветуваат дека ќе го остават “срцето на терен“.  – Влегуваме во посакуваната форма, како во одбраната така и во нападот,
на теренот сите играчи ќе го дадат својот максимум, во секој момент ќе
размилсуваме само на победа и на ништо друго
– оптимист е Поп Стефанија.

Скопска двојка ќе го води мечот во Струга. Близнаците Георгиевски лани го водеа мечот во Чаир кој охриѓани го загубија под “чудни“ околности. – Задоволни сме од делегирањето на судиската двојка, која ја сметаме за исклучително добра и покрај тоа што тие се истите судии од натпреварот во Чаир во претходната сезона.

Ривалството е големо ниво, но од охридскиот клуб апелираат се да се одвива во рамките на фер плејот. – Можам да го разберам ривалството на ваков дерби натревар како меѓу играчите така и меѓу навивачките групи, но јавно повикуваме тоа да остане во границите на нормалното однесување – завршува Поп Стефанија.

Мх.П.