На последниот тренинг пред утрешниот дерби натпревар со Куманово во Првата кошаркарска лига, охридскиот градоначалник, Јован Стојаноски ги посети кошаркарите на АВ Охрид.  Стојаноски им посака многу среќа и победа на мечот со Куманово кој ќе се одигра во 17 часот и 30 минути, а ќе биде пренесува во живо на МТВ 1.

  • Кошаркарите заедно со ракометарите и фудбалерите се најголем репрезент на Охрид во нашата земја и надвор од неа. Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со организираноста покажува голема сериозност и професионалност, а искрено верувам во победата и подобри резултати во иднина. – изјави Стојаноски.

Дуелот помеѓу АВ Охрид и Куманово утре во 17 часот и 30 минути ќе ја заокружи богата спортска програма овој викенд во Охрид кој ќе биде во знакот на хуманоста. На „езерското“ дерби во фудбал и ракомет ќе бидат поставени кутии од Црвен крст во кои ќе можат да се донираат парични средства за потребното лекување на охриѓанката Сара Настеска.

Мх.П.
Фото: Мега Продукција