Нивото на Охридското Езеро веќе подолго време е на критичниот минимум. Водата е повлечена далеку од брегот, а покрај новите плажи и островчиња на суво испливаа и столбовите од мостот пред хотелот Палас.


мостот исплива на суво

Според последните мерења нивото на Охридското Езеро варира околу минималната кота која се наоѓа на надморска височина од 693,17 метри. Бродарите кои ги затекнавме на кејот велат дека одамна нивото на Охридското Езеро не било толку ниско. Доколку Езерото се спушти само уште десетина сантиметри не ќе можеме да пловиме до кејот, велат сопствениците на помалите бротчиња.


станува плитко и за бродовите

Хидролозите очекуваат водостојот на Охридското Езеро да се нормализира со топењето на снеговите.


Хидролозите очекуваат нормализирање на водостојот на Охридското Езеро

ohridnews