Со години 8 куќи позади црквата Св. Софија не се приклучени на канализационата мрежа, а нивните фекалии завршуваат директно во езерото каде неодамна беше изграден мостот на желбите.

-Недозволиво е во 21 век да имаме објекти кои не се приклучени на канализационата мрежа, вели советникот Томислав Тунтев, кој по сторијата објавена на „Ohridnews“во текот на летото, повторно го актуелизираше проблемот на вчерашната седница посветена на советничките прашања.


Куќите крај мостот на желбите не се приклучени на каналзиационата мрежа

Од МЈП „Проаква“ најавуваат дека проблемот ќе биде ставен на листата на приоритети, но за негова реализација потребна е и соработка од граѓаните чии куќи не се приклулчени на канализацијата.

– Согласно динамиката на работа ќе дадеме приоритет за поврзувањето на овие 7-8 куќи на канализација со забелешка дека сопствениците треба да овозможат пристап на екипите на „Проаква“ во узурпираните делови од крајбрежјето и сами да си ги покријат евентуалните штети кои би можеле да настанат при интервенцијата, изјави Бранислав Трпчески, директор на МЈП „Проаква“.

Ohridnews