Охриѓани добија место за мечтаење. Вековната желба на жителите на Канео е остварена и во иднина преку новоизградениот мост ќе можат пеш преку езерото да стигнат до центарот на градот.
– Чест ми е што може на овај голем македонски празник го пушатаме во употреба овој мост на среќата кој ќе им користи како на охриѓани така и на туристите кои го посетуваат Охрид – рече Митко Пендов на отварањето на местот.
Мостот кој е долг 140 метри, а широк 2м и 40 см е направен за 17 дена и е донација на фондацијата „Рамковски“.
На мостот се поставени дванаесетте хороскопски знаци, а минувачите ќе можат да мечтаат за исполнување на своите желби фрлајќи паричка во езерските води.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com