Денеска во употреба е ставен мостот на желбите кој ќе ја поврзува плажата „Потпеш“ со центарот на Охрид.

На мостот се поставени дванаесетте хороскопски знаци, а минувачите ќе можат да мечтаат за исполнување на своите желби фрлајќи паричка во езерските води.

Изградбата на дрвениот мост која ја иницираа концесионерите на плажата „Потпеш“, ја спонзорира фондацијата „Рамковски“.

Изградбата на мостот неодамна ја оспори охридската Капетанија, според која проектот е реалзиран без потребните одобренија и документација, на што реагираше локалната самоуправа која тврди дека поврзувањето на плажата „Потпеш“ со центарот на Охрид е предвидено со урбанистичките планови на општината.

Ohridnews