Сообраќајната полиција денеска го подигна мостот кај каналот „Студенчишта“ за неколку сантиметри во знак на предупредување на возачите кои не ја почитуваат забраната за движење во рекреативната зона од мостот до х. „Парк“. Предупредувањето најмногу се однесува на мотоциклистите кои најчесто ја користат оваа патека како скратен пат до плажите. Но, предупредувањето важи за сите учесници во сообраќајот, велат од полицијата. Покрај тоа што е подигнат, на мостот е поставено и соодветен сообараќаен знак. Полицијата најави дека во иднина против сите учесници во сообраќајот кои нема да ја почитуваат забраната за движење преку мостот кај каналот ќе презема соодветни законски мерки.


Полицијата превентивно го подигна мостот кај каналот

ohridnews