„Не се работи само за мостот, проблем е и локацијата. Со децении а и многу повеќе, на Канео се одело по козјите патеки или со чамец. Мостот на желбите можел да се направи многу поодамна. Но има и друга работа, тука има опасност од одрони на камења. Оваа година во јули имаше таков случај, за среќа никој не настрада. Значи, потребно е да се испита безбедноста, не само на самиот мост, туку и на патеката од мостот до плажата Потпеш. Ако е потребно и да се заштити ридот со мрежа или патеката и мостот со свод.. додека е време, да не чекаме да ни се случи „Илинден“ на суво“, забележува нашиот читател Мите.
Мостот на желбите треба да се обезбеди – сметаат граѓаните
Жителите на Канео исто така алармираат на опасноста од одрони. Тие во февруари годинава самоиницијативно срушија неколку поголеми камења од карпа која виси над куќите и преставува потенцијална опасност за минувачите.
Карпи им се закануваат на жителите и посетителите на Канео
Мештаните посочуват дека опасноста се зголемува во влажните периоди кога има и големи осцилации во температурите. Велат дека повеќе пати се обратиле до надлежните служби со барање да се постават заштитни мрежи и да се отстранат опасните карпи. Одговор не добиле.