Жителите во Словачка со големо мнозинство гласале за тоа новиот мост за пешаци и велосипедисти недалеку од Братислава да добие име Чак Норис, по популарниот актер од американските акциони филмови. Актерот Чак Норис во последно време стана непресушен извор за шеги за машката сила и непобедливост.
Конечната одлука за името на мостот ќе биде донесена од страна на регионалното собрание. Сепак, регионалниот гувернер Павел Фресо рекол дека ќе ја почитува желбата на народот од анкетата спроведена на интернет. Гласањето ќе трае до април. До денес околу 74 проценти од гласачите го поддржале Чак Норис, а второпласираната Марија Терезија е далеку назад со само осум проценти од гласовите.