Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ, на ГМ 1859/1 во општина Струга гласач ги фотографирал гласачките ливчиња и ги ставил во гласачката кутија, по што избегал од гласачкото место.
Набљудувачите на МОСТ регистрирале грешка на ГМ 1860 во општина Струга, каде на почетокот од гласањето избирачкиот одбор откинал 3 гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број, по што гласачите ги ставиле во гласачките кутии.
Помали неправилсности набњудувачите на МОСТ забележале и во други општини.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080.