Гласањето на едно избирачко место во струшкото село Подгорци не почнало навреме, поради проблеми со избирачкиот материјал. Спорд невладината организација МОСТ, таму недостигал пешатот на избирашкиот одбор поради што гласачкото место не било отворено во 7 часот.
Инаку во Струга се гласа на вкупно 78 избирачки места, а право на глас имаат 57 371 гласач. Во две избирачки места во селата Модрич и Присовјани кои поради снежното невреме не беа воопшто отворени пред две недели се гласа и за советници. Таму има само 75 избирачи, чиј глас е одлучувачки за едно советничко место.
Втор круг од изборите за градоначалник денеска има и во општината Вевчани каде утрово гласањето исто така почна навреме во сите три избирачки места.