Граѓанската асоцијација МОСТ  е подготвена да ги набљудува предвемените парламентарни избори 2008 што ќе се одржат в недела.

    Во Регионалната канцеларија во Охрид веќе се затворени списоците на набљудувачи и е направен распоредот за нивното присуство на гласачките места. Утре и задутре во Охрид, за нив ќе се спроведува обука.

    “Со наши набљудувачи ќе бидат покриени околу 70 проценти од гласачките места во општината. Имаме 173 набљудувачи, од кои 43 се ПВТ набљудувачи, 6 мобилни и останатите статични набљудувачи”, вели координаторот на канцеларијата во Охрид, Димче Каневче.

    По двајца статични набљудувачи в недела  ќе бидат на едно гласачко место. Мобилните тимови ќе ги посетат сите гласачки места, додека ПВТ набљудувачите ќе бидат поставени на посебни гласачки места избрани со посебна програма”.

    Според Каневче, ПВТ набљудувачите се специјално обучени и нивните податоци од теренот в  недела ќе бидат внесени во базата во Скопје, со што како што вели тој, се очекува и во текот на овие избори МОСТ да има точни, објективни и навремени резултати.