Нeвладината организација МОСТ која ги набљудува изборите со околу 3.800 волонтери, информираше за неправилност на едно избирачко место во Општина Охрид.

На гласачкото место 1308 – Охрид, од почетокот на гласањето до добивањето на информацијата, 78 гласачи се потпишале само во еден избирачки список, а гласале на двата избирачки циклуси, изјави Славица Билјароска од НВО МОСТ.

Нерегуларноста е евидентирана и од страна на Општинската изборна комисија во Охрид, од каде што велат дека избирачите се потпишувале само во едниот список околу еден час и половина од отварањето на избирачкото место. Според претседателката на ОИК, Марика Ангелеска, за оваа нерегуларност е направен и записник.

Мост посочи на одредени помали неправилности на три избирачки места во село Лабуништа каде на гласачите им биле враќани документите за лична идентификација заедно со избирачките ливчиња.

OHRIDNEWS