Стартува проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори 2009“ . Граѓанската асоцијација МОСТ и на претстојните избори ќе ангажира 3 750 набљудувачи кои според правилата на асоцијацијата, треба да бидат домашни, непартиски и непристрасни.
Пријавувањето трае до 2 март, а за избраните набљудувачи ќе биде организирана и посебна обука.
Заради сеопфатна оценка за текот на изборите, волонтери на МОСТ го следат целиот изборен процес, односно работата на изборните органи, предвременото гласање, предизборниот како и постизборниот период.
МОСТ досега има набљудувано шест изборни процеси на национално ниво, а членови на организацијата биле дел од голем број меѓународни мисии за мониторинг на избори. При спроведување на своите активности, како партнер на ОДИХР и како член на Европската мрежа на организации за набљудување на избори, асоцијацијата работи според меѓународните стандарди за непристрасно, објективно и навремено известување.
Во регионалната канцеларија на МОСТ во Охрид, велат дека кај охриѓани има интерес за набљудување на целиот изборен процес.
Ohridnews