Москва го зазела првото место меѓу најголемите градови во светот по сообраќајниот метеж на патиштата, било наведено во годишниот извештај на компанијата ТомТом, која го истражува индексот на загушеност на метрополите со сообраќај. Меѓу десетте големи градови со најгуст сообраќај се нашле уште и Истанбул, Варшава, Марсеј, Палермо, Лос Анџелес, Сиднеј, Штудгарт, Париз и Рим.
Според извештајот, возачите во Москва поради сообраќајните гужви минуваат во просек 66 проценти повеќе време од реално потребното, додека во утринскиот шпиц тој показател расте на 106 проценти. Најголеми застои сепак се бележат во ноќните часови со 138 проценти. Второпласираниот Истанбул има просечен индекс од 55 проценти, во утринскиот шпиц 80 проценти, а во вечерните часови 125 проценти.