Можеби има богата историја како и доминантна улога во креирањето на светската политика, но Москва добила статус за најлош град. Туристите кои се затекнуваат во главниот град на Русија од локалните мештани можат да очекуваат нељубезност на секој чекор, хотелите се ужасни и се е преценето, пишува „The Independent“. Во годишниот извештај на „TripAdvisor“ кој собира искуства на туристите, а во кој учествуваат повеќе од 54 илјади туристи чија задача е оценување на 37 популарни туристички дестинации, на крајот на пописот, со најлоши оценки во сите категории, се нашла токму руската престолнина.

Најлоши оцени во категоријата вкупен впечаток добил индискиот Мумбаи, додека најдобро оценет град е Токио. Главниот град на Велика Британија, кој важи за едно од најдобрите места кои треба да се посетат, се нашол на 11. место, но се нашол на завидното второ мест во категоријата ноќен живот, а во категоријата шопинг се сместил на третото место веднаш зад Њујорк и Дубаи.