Швајцарско морско прасе со име „Мадам Шива“ е нов прогнозер на резултатите на натпреварите на претстојниот Мундијал во Бразил, но само за натпреварите на Швајцарија. Морското прасе ќе се обиде да ја помати славата на претходниот голем прогнозер од животинскиот свет, октоподот Пол, кој ги погодувал резултатите на првенството во Јужна Африка во 2010 година, но веднаш по завршувањето на шампионатот угинал. Морското прасе кое има 20 месеци веќе ја прогнозирало победата на Швајцарија против Еквадор во недела на првиот меч од групата Е.
Ова неодоливо животинче е пуштено на мини фудбалски терен на чии страни биле поставени боите на Швајцарија и Еквадор. Откако кратко душкала по теренот, Мадам Шива одлучно тргнала кој швајцарскиот дел од теренот, на кој, во знак на одобрување, испуштила малку измет. Следната задача на морското прасе ќе биде прогноза на резултатот против Франција на 20 јуни, како и последниот меч во групата против Хондурас, пет дена подоцна.