Жителите на филипинското село Барангај Маригондон многу се изненадиле кога пред неколку дена на плажата здогледале риба долга повеќе од четири метри. Тие немале поим за што станува збор, но веднаш сватиле дека насуканото чудовиште е мртво. За што се работи открил Кристофер Бирд, експерт за морски кучиња.
Видно возбуден објаснил дека станува збор за морско куче со голема уста, врста која е толку ретка што дури и науката не ја потврдила. Многу малку се знае за овој вид бидејќи последен пат била видена во 1976 година. Тогаш случајно била уловена од брод на американската морнарица, а ова е само 66. пат овој вид морско куче да биде видено во светот. Иако има ред од 50 ситни заби, се хранат само со планктони. Поголем дел од времето го минуваат на длабочина од 400 до 500 метри.