Само неколку дена откако првата „морска змија“ од пет и пол метри испливала на брегот на Калифорнија, се појавила и втора. Научниците велат дека оваа змија го следела својот партнер кој само неколку дена пред неа испливал на брегот. Оваа змија ја открила група ученици од основно училиште, кои биле на екскурзија во Калифорнија, и кои по откритието веднаш повикале полиција.
Група истражувачи кои го следат животот на Оара рибата рекле дека тие доаѓаат на брегот само кога се смртно повредени или се пред смрт по природен пат. Нуркачите прв пат со Оара се спретнале дури во 2001 година на Бахамите, и оттогаш го започнале своето истражување врз нив. Пронајдениот примерок бил долг четири метри.