Во Центарот за култура “Григор Прличев” вечерва во 20 ч.ќе биде изведена монодрамата “Морничавата исповед на една Егејка”. Делото е работено според романот “Небеска Темјановна ” од Петре М. Андреевски, а адаптацијата ја направија Славе Ѓорѓо Димоски и Христина Цветаноска, која е и актерка во монодрамата. Режијата е на Анета Јованоска.
Монодрамата е продолжение на активностите на Црвен крст – Охрид во насока на поттикнување и развивање на хуманите вредности преку културните настани. Во тие рамки, неодамна оваа најголема хуманитарна организација во Охрид реализира хуманитарен концерт со Борис Трајанов и мандолинскиот оркестар од Скопје.