Морковот е еден од најздравите зеленчуци, содржи доста корисни и лековити состојки и има антибиотско делување. Морковот е двегодишно растение, а во исхраната се користи неговиот корен. Морковот во исхраната може да се користи свеж, варен, како зачин или како прилог на другите јадења. Содржи малку калории, а многу корисни состојки, па се употребува во диеталната исхрана, но е доста значаен и во исхраната на децата. Препорака е пред да се употреби, добро да се измие и излупи површинскиот слој.

 

Содржи голема количина на влакна и создава чувство на ситост. Поради робусната структура на овој зеленчук, можеме да искористиме само десет проценти бета каротен. Под дејство на топлина и малку масти, структурата се разбива, благодарение на што може подобро да ги искористиме хранливите материи. Морковот содржи витамин А, кој е растворлив во масти, и затоа би требало да се припрема со малку квалитетно масло, на пример маслиновото.

Сокот од моркови е многу здрав, било да се употребува чист или измешан со друго овошје или зеленчук. Сокот од морков се употребува и за облоги против некои кожни болести. Со истражувања е утврено дека морковот има улога на чистач на организмот од штетни материи настанати со лошата исхрана и дејството од загадената средина и различни зрачења. Се препорачува децата да го користат за доручек, бидејќи се смета дека помага во отстранување на заморот, подобрување на концентрацијата, подобро учење и успех во училиштето.