Според еден научен труд објавен во „Geophysical Research Letter“, океаните на Сатурновата месечина Титан се наоѓаат на просечна надморска височина, слично како нивоата на морињата и океаните на Земјата. Ова откритие е значајно затоа што Титан е единствениот друг свет за кој научниците со сигурност знаат дека има стабилна течност на својата површина.

Големата разлика, се разбира е тоа што океаните на Титан се составени од јагленоводороди, прекриени со мраз и цврст слој од органски материи.

НАСА објаснува:
– Студијата сугерира дека надморската височина е важна затоа што водените басени на Титан најверојатно се подземно поврзани слично како на Земјата. Јаглероводородите течат под површината на Титан исто како подземните води на Земјата, низ пукнатините во карпите и подземните канали, со што басените комуницираат и имаат сличен водостој, кој како последица на гравитацијата е константен.

А.М.