Морган Фримен ќе глуми во трилерот “Now You See Me“, за магионичари кои ограбуваат банки. Филмот на режисерот Луј Летери ќе ја следи приказната на тим агенти од ФБИ, во играта на мачка и глушец со еден тим врвни магионичари, кои за време на настапите изведуваат серија грабежи на неколку банки.


Во филмот ќе настапуваат уште и Џеси Ајзенберг, Мелани Лоран, Аманда Сајфрид и Марк Рафало. Фримен, добитник на Оскар за споредна улога во филмот „Девојка од милион долари“, моментално е на снимање на новиот филм за Бетмен “The Dark Knight Rises”.