Морган Фриман по 25 години брак во петокот службено се разведе од сопругата Мирна Коли Ли. Адвокатот на актерот Вилијам Рајт изјавил дека обајцата се среќни бидејќи се развеле. Иако кружеле гласини дека Морган е во врска со девојка која има 28 години, адвокатот демантирал и изјавил дека тоа се најобични озборувања.
Девојката со која наводно бил во врска е негова приќерка и и внука на неговата прва жена. Тој во 2008 година доживеал тешка сообраќајна несреќа по која делумно му била парализирана левата рака. По тој случај била откриена и неговата врска со внуката на неговата поранешна сопруга.