Фотографија од мистериозен створ кој морето го исфрлило на плажата Монтаук кај Њу Јорк, предизвикала бројни нагаѓања за потеклото на чудовиштето. Додека едни тврдат дека станува збор за вонземјанин, други се убедени дека е вешт маркетиншки трик, а трети држат до теоријата дека е неуспешен таен воен проект.


– „Пријателките и јас баравме место на плажа. Во еден момент видовме група на луѓе како нешто гледаат. Се приближивме и останавме шокирани од тоа што го видовме“ – раскажуваЏени Хевит, која ја направила фотографијата.

За сега точен одговор за потеклото на чудовиштето нема.