Иранска нафтена платформа потона во водите на Персискиот залив. Причините за хаваријата која довела до потонување на платформата засега се непознати. На видео снимката што ја објавија иранските медиуми се гледаат десетина работници како стојат на платформата која со голема брзина исчезнува во морето. За среќа сите успеале да се спасат. Покрената е истарага за случајот, а официјален Иран побарал помош за вадење на потонатата платформа.


OhridNews