Но, спортивно тврдат италијанските медиуми кои шепкулираат со имиња кои би го наследиле поранешниот стратег на Милан, на клупата на Интер.
Фаворит број еден на патронот на клубот е шпанецот Пеп Гвардиола, кој најави дека оваа сезона можеби ќе биде негова последна на клупата на Барселона. Порнаешниот халф на Барселона, Бреша и Рома беше неодамна во Италија изјавувајќи дека еден ден сака да се врати на клупата на Бреша.
Медиумите исто така тврдат дека била остварена средба Морати – Гвардиола, нормално со цел Шпанецот да го преземе актуелниот европски и светски првак.
Меѓу имињата кои се врзуваат за клупата на Интер е и наследникот на Мурињо, порутгалецот Виља Боа кој пред викендов со Порто ја освои титулата во Португалија.
Многу работи во “црно-синиот“ камп во Милано се очекува да се разјаснат по реванш мечот од Лигата на Шампиони, каде Интер и Горан Пандев се наоѓаат пред невозможна мисија.