Младиот фудбалер Мората е херој на “кралевите“ во победата над Леванте 2-1 во последниот натпревар од 11-та рунда во Примера.


Избраниците на Жозе Мурињо на влажниот терен први стигнаа до предност. Во 19-та минута резултатот го отвори Кристијано Роналдо, кој на полувремето беше изваден од игра по страотната повреда на левото око.


Водството “кралевите“ го чуваа до 62-та минута кога Анхел изедначи на 1-1. Од тој момент започна опсадата кон голот на домаќините. Најблиску до погодок беше Чаби Алонсо во 72-та минута, но не успеа да погоди од белата точка.

Клучната измена Мурињо ја направи во 83-та минута кога во игра го внесе Мората, на местото од Озил. Една минута подоцна токму Мората го постигна победничкиот погодок за Реал Мадрид.

Резултати : Леванте – Реал Мадрид 1-2, Мајорка – Барселона 2-4, Ваљадолид – Валенсија 1-1, Атлетик Билбао – Севиља 2-1, Атлетико Мадрид – Гетафе 2-0.

Табела : Барселона 31, Атлетико Мадрид 28, Реал Мадрид 23, Реал Бетис 19, Малага 18. . .

Мх.П.