Еден француз ќе мора да плати 10 илјади евра оштета на својата поранешна сопруга која го тужела бидејќи не спиел со неа. Медиумите во франција навеле дека човекот од Ница бил осуден да плати поголема сума пари бидејќи не водел доволно често љубов со својата, сега веќе поранешна сопруга.
Тие се развеле по 21 година брак, а судот одлучил да го казни сопругот бидејќи со години немал никакви сексуални односи со сопругата, иако се правдал со умор и здравствени проблеми. Законот во Франција пропишува дека сопружниците треба да го почитуваат заедништвото на животот, што подразбира да имаат редовни сексуални односи.