Роберт Филдер, фармер од Сареј, кој тајно изградил куќа во стилот на тудорски замок ја изгубил битката со судот и мора да го сруши своето кралство. Замокот го изградил без градежна дозвола и четири години го криел со ограда од слама. Имено, според законот кој важел во 2002 година додека Роберт го градел својот замок, доколку градбата четири години не му смета никому, нема да се сруши иако нема градежна дозвола.


Се вселил со сопругата и синот и конечно по четири години ја отстранил оградата која го криела неговото ремек дело. Тоа му ги пореметило сите планови, бидејќи законот за четири години започнува да важи кога ќе се завршат сите градежни работи, а судот рушењето на оградата го оценил како последен градежен зафат. Пресудиле дека Роберт мора да го сруши замокот и ги отфрлиле сите негови молби и жалби.