На 23.10.2023 во 12.50 часот било пријавено дека во с.Велгошти-охридско мопед „томос“ без регистарски таблици управуван од 54 годишно лице од Охрид, излетaлo надвор од коловозот.

Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews